Песков: Путин на ПМEФ ќе разговара со Ципрас, Проди, Вијон и други лидери

Портпаролот на рускиот претседател најави дека Владимир Путин ќе се сретне со голем број политичари на Петербуршкиот меѓународен економски форум на 19 јуни, пренесува ТАСС.

Претседателот на РФ Владимир Путин „на маргините“ на Петербуршкиот меѓународен економски форум (ПМЕФ) 18-19 јуни ќе има средби со премиерот на Грција Алексис Ципрас и други странски државни и политички дејци. Ова за новинарите го изјави портпаролот на шефот на руската држава Дмитриј Песков, пренесува ТАСС.

„Со Ципрас е предвидена за петок работна средба на маргините на форумот“, изјави тој, одговарајќи на прашањето за претстојниот контакт со грчкиот премиер.  

Претставникот на Кремљ прецизираше дека се планирани работни средби и со други гости на форумот. Така, според зборовите на Песков, ПМЕФ ќе го посетат претседателот на Киргизија  Алмазбек Атамбаев, премиерот на Монголија Санџагин Бајар и вицепремиерот на Кина Ван Јан, кој традиционално доаѓа на Петербуршкиот форум.

„Ќе присуствуваат традиционалните гости со кои одржуваме односи - поранешниот премиер на Франција Вијон, поранешниот претседател на Советот на министри на Италија Проди и други“, додаде Песков.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња