Медведев: Ако парите од Русија се мито, преговорите со ММФ се грабеж

Премиерот на РФ Дмитриј Медведев ја коментираше изјавата на украинскиот претседател Петро Порошенко кој го нарече кредитот од 3 милијарди долари од Русија „мито“.

„Ако трите милијарди долари државен заем кои Украина ги доби од Русија се мито, според мислењето на Порошенко, тогаш милијардите за кои раководителите на Украина се договараат со ММФ се организација на  огромен грабеж“, напиша премиерот на Руската Федерација Дмитриј Медведев на својот Фејсбук-профил, пренесува „Регнум“.

Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков изјави дека Кремљ очекува објаснување од Украина дали Киев се откажува од сукцесијата на обврските, вклучително и на финансиските, спрема Русија.

Според него, прашањето е дали Украина го оспорува правниот континуитет како држава. „Воопшто, дали Украина како држава има меѓународни обврски или се откажува од меѓународните обврски?“, додаде Песков.

Претходно министерската за финансии на Украина Наталија Јареско изјави дека Украина го признава долгот спрема Русија од 3 милијарди долари, како и другите еврообврзници.  

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.