Захарова: Клинтон „прави плашило“ зборувајќи за руска закана

Ветувајќи им на американските гласачи дека ќе ги заштити од „руската закана“, Хилари Клинтон користи пиар технологија од пред педесет години, смета заменик-директорот на Одделот за информации и печат на МНР РФ.

На демократите во САД најпрвин им требаше „ да направат плашило“ за потоа да го победуваат, истакна на својата Фејсбук-страница заменик-директорот на Одделот за информации и печат на МНР РФ Марија Захарова.

Таа го коментираше првиот предизборен говор на кандидатот за претседател на САД Хилари Клинтон во кој претставничката на Демократската партија ја нарече Русија, паралелно со Северна Кореја и Иран, „традиционална закана“. „Како ваш претседател, јас ќе сторам сѐ за да ја заштитат безбедноста на Американците“, вети Клинтон.

„Односно, за да го победат плашилото, на демократите најпрвин им требаше да го создадат, нешто со што успешно се занимаваа последните години“, напиша Захарова.

Иран, според неа, веќе не одговара на улогата на „вселенско зло“: „Ќе се согласите, чудно е да се стремите да се смирите со тој што сакате да го победите“. На Северна Кореја не може да се гледа како на „суперсила која може буквално сѐ“. За предизборната кампања се бараше нова „мегацел“, истакнува Захарова.

„Еве ги! Новите „непријатели на американскиот народ“ се „традиционалната закана“ Русија и Кина која е во „подем“, напиша таа на Фејсбук.

Според мислењето Захарова, Клинтон во наведениот случај користи пиар технологија стара педесет години.

Настапувајќи во саботата во Њујорк, Хилари Клинтон изјави: ниедна друга земја во светот не е подобро подготвена од САД „да им се спротивстави на традиционалните закани од земји како Русија, Северна Кореја и Иран и да се справи со подемот на нови сили како што е Кина“.  

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња