Украина тврди дека им доставила докази на САД за вмешаноста на Русија во судирите во Донбас

Советникот на директорот на Службата за безбедност на Украина изјави дека на Вашингтон му се доставени докази кои наводно го потврдуваат учеството на Русија во судирите во Донбас, пренесува РИА „Новости”.

„Специјален претставник на претседателот на Службата за безбедност на Украина го извести Валентин Наливајченко од Вашингтон дека на американските партнери штотуку им беа предадени доказите во врска со руската вооружена агресија, а кои беа собрани од припадниците на антитерористичката единица на Украина”, напиша Лубкивски на својот Фејсбук-профил.

„Се работи за материјали кои потврдуваат вршење на злосторства против човештвото во нашата земја и кои ќе бидат анализирани од сенаторите и конгресмените на САД. Собраните документи можат да послужат како основ за кривичен прогон на агресорот“, додаде Лубкивски.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.