Сергеј Иванов ја нарече играта на репрезентацијата на Русија „бедна”

Администрацијата на претседателот на РФ разочарана од синоќешниот пораз на Русија од Австрија, пишуваат руските медиуми.

Шефот на администрацијата на претседателот на Русија Сергеј Иванов ја нарече „бедна“ играта на фудбалската репрезентација на Русија, која загуби од селекцијата на Австрија на домашен терен во квалификациите за Европското првенство со резултат 0:1.

„Како можеме да ја оцениме играта на репрезентацијата на Русија против екипата на Австрија? Бедно”, изјави Иванов.

Портпаролот на претседателот на РФ Дмитриј Песков изрази сомневање во врска со играта на руската репрезентација.

„Што, некој играл фудбал?“, праша Песков.

Тој исто така додаде дека претседателот на РФ Владимир Путин не го гледал натпреварот, соопштува РИА „Новости“.

На вчерашниот натпревар мрежата во 33 минута ја затресе Марк Јанко, пренесува ТАСС.

Репрезентацијата на Русија го нема победено австрискиот тим од 1994 година, кога во Клагенфурт победи со резултат од 3:0. 2004 година, во рамките на  подготовките за Евро-2004, Русите одиграа нерешено со Австријците 1:1, а во ноември минатата година, во квалификациите за Евро-2016 загубија во Виена со резултат 0:1.  

Со победата над руската репрезентација, репрезентацијата на Австрија се зацврсти на првото место од групата Г во квалификациите за Европското првенство 2016. Од шест натпревари Австрија има 16 бодови. Русите останаа на третото место со осум бодови од шест натпревари. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња