САД ги објаснија плановите за распоредување на вооружувањето во Источна Европа и Балтикот

САД планираат во Источна Европа и балтичките земји да распоредат само тешко вооружување чие распоредување е претходно најавено, изјави командантот на копнените сили на САД во Европа Бен Хоџис.

САД планираат во Источна Европа и балтичките земји да распоредат само тешко вооружување чие распоредување е претходно најавено, објасни командантот на копнените сили на САД во Европа Бен Хоџис, коментирајќи ги информациите кои се појавија во американскиот весник „Њујорк Тајмс“ во саботата, 13 јуни.

Според неговите зборови, „сета техника што е опишана во статијата е дел од истата оклопна бригада“ чие префрлување во Европа САД претходно го најави со цел да го засили својот воен контингент на Стариот континент, пренесува агенцијата ТАСС.

Препораката да се префрли оклопната техника во Источна Европа и поранешните балтички советски републики за шефот на Пентагон ја подготвил командантот на силите н НАТО во Европа, американскиот генерал Филип Бридлав.

Весникот „Вашингтон Пост“ во неделата, повикувајќи се на неименувани високи функционери, објави дека шефот на Пентагон Ештон Картер би можел да го одобри планот на Бридлав веќе во наредните денови, пред планираниот состанок на челниците на воените ресори на земјите-членки на НАТО кој ќе се одржи на 24 и 25 јуни во Брисел.

Претходно Полска и Литванија го потврдија распоредувањето на американска тешка воена техника на своја територија. Министерствата за одбрана на Естонија и Летонија исто така го поддржаа предлогот на Пентагон.

Во саботата, 13 јуи, весникот „Њујорк Тајмс“ објави за плановите на Вашингтон да распореди тешко вооружување, вклучувајќи тенкови и борни коли, во Источна Европа, со цел „спречување на можна руска агресија врз Европа“.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња