Русија ќе добие борбени десантни бродови од нова генерација

Воената морнарица на Русија до 2020 година ќе го добие првиот голем десантен брод (БДК) од нова генерација, изјави началникот на управата за бродоградежништво на Воената морнарица на Русија Владимир Трјапичников.

Воената морнарица на Русија до 2020 година ќе го добие првиот голем десантен брод (БДК) од нова генерација. Тој ќе биде неколку пати потежок од претставникот од типот „Иван Грен“ и ќе може да носи неколку хеликоптери. Ова го изјави началникот на управата за бродоградежништво на Воената морнарица на Русија  Владимир Трјапичников.

„Во следните пет години ќе биде воспоставено производство на големи десантни бродови од нова генерација, кои по депласманот неколку пати ќе ги надминат големите десантни бродови  „Иван Грен“ и „Петар Моргунов“, а ќе имаат и повеќе простор за припадниците на десантните сили и ќе можат да носат не само еден, туку неколку хеликоптери“, изјави Трјапичников. 

Тој објасни дека се работи за проектирање и изградба на потполно нови големи десантни бродови. „Засега проектот нема име, но неговите основни црти се веќе формулирано. Депласманот ќе биде околу 16 илјади тони, бродот ќе може да носи засилен баталјон морска пешадија и околу 6 хеликоптери од различен тип. Вооружувањето ќе биде најсовремено и помоќно отколку што е на денешните десантни бродови, а должината на пловидбата без дополнително полнење на гориво и самостојноста на бродот ќе бидат значително зголемени“, објасни началникот на управата за бродоградежништво на Воената морнарица на Русија. 

Притоа сета опрема на бродот, од енергетиката до вооружувањето, ќе бидат во максимална мера од руско производство, истакна претставникот на воената морнарица. Првиот таков брод, според негови зборови, би требало да биде изграден веќе до 2020 година.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња