Преговорите меѓу претседателот на РФ Владимир Путин и претседателот на Азербејџан Илхам Алиев се позитивно оценети. Разгледани се главните прашања во билатералните односи и меѓународната ситуација, соопшти портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков.
„Многу позитивни преговори и претседателот својата посета на Баку ја заврши со многу добри и пријатни впечатоци”, заклучи портпаролот Песков.
Според неговите зборови, преговорите меѓу Русија и Азербејџан во Баку, каде рускиот претседател отпатува на 12 јуни за да присуствува на отворањето на Првите европски игри, беа одржувани во неколку формати: најпрвин е одржан состанок на министрите за надворешни работи и надворешнополитичките помошници на двете земји, потоа преговори на делегациите и, на крај, средба на претседателите. „Разгледани се сите најважни прашања во билатералните односи и ситуацијата на меѓународната сцена”, изјави Песков, истакнувајќи дека соработката на РФ и Азербејџан е, како и обично, интензивна.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче