Министерството за вонредни состојби на РФ подготвено да испрати спасувачи во Грузија

За полетување се подготвени два авиона на МВС Ил-76 со специјална техника за спасување, опрема, како и над 100 спасувачи од меѓународна класа, пренесува ТАСС.

Првиот човек на МВС РФ Владимир Пучков ѝ понуди на Грузија помош за санирање на последиците од поплавата, повеќе од 100 спасувачи со специјална опрема се подготвени да пристигнат во главниот град Тбилиси, пренесува ТАСС.

„Првиот човек на МВС Русија Владимир Пучков испрати официјален допис до министерот за внатрешни работи на Грузија во кој изрази сочувство во врска со загинувањето на луѓето како резултат на стихијата и понуди помош за санирање на последиците од поплавата“, изјави претставник на МВС РФ.

На пример, во обраќањето на Пучков се вели дека „во овој тежок час за грузискиот народ МВС Русија е подготвено да укаже помош во санирањето на последиците од вонредната ситуација, да испрати група специјалисти и спасувачи со потребната опрема“.  

Од прес-службата на МВС прецизираа дека подготвени за полетување се наоѓаат два авиона на МВС Ил-76 со специјална техника за спасување, опрема, како и над 100 спасувачи од меѓународна класа кои имаат огромно искуство во санирање на последиците од слични вонредни ситуации како во Русија, така и во странство.

Според последните податоци, како резултат од поплавата во Тбилиси загинале 12 луѓе, уште околу 10 се водат како исчезнати.

Московската зоолошка градина е подготвена привремено да ги смести животните од тбилиската зоолошка која сериозно настрада од поплавата, или да им даде на своите колеги свои животни, изјави началникот на службата за односи со јавноста на московската зоолошка градина Олга Вајншток.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.