Министерството за одбрана го покажа вооружувањето од форумот „Армија-2015“

Министерството за одбрана на РФ на својот сајт постави интерактивна експозиција на вооружувањето и техниката што ќе бидат претставени на форумот „Армија-2015“.

На официјалниот сајт на Министерството за одбрана на Русија е отворена интерактивна изложба на основните примероци на вооружување и воена техника на руската армија што ќе бидат претставени на меѓународниот воено-технички форум „Армија-2015“, соопшти воениот ресор.

Меѓународниот форум „Армия-2015“ ќе се одржи од 16 до 19 јуни во паркот на вооружените сили „Патриот“ во подмосковска Кубинка. Неговата цел е создавање на услови за барање перспективни решенија кои ќе можат да се применат во производството на вооружување и воена техника и во создавањето позитивен имиџ на Вооружените сили на Русија. Се истакнува дека за јавна посета форумот ќе биде отворен на 17 јуни.

„Во предвечерјето на меѓународниот воено-технички форум „Армија-2015“… на официјалниот сајт на Министерството за одбрана на Русија е отворена интерактивна изложба на вооружувањето и воената техника на Воените сили на Руската Федерација кои се претставени на форумот“, се вели во соопштението.

Интерактивната експозиција на форумот „Армија-2015“, како што се истакнува, претставува прилог со удобна навигација, квалитетни фото-илустрации и опис на примероците на вооружувањето и воената техника од кои голем број првпат се претставуваат на пошироката јавност. Таа е формирана по принципот на сегментирање по тематски оддели при што е земена предвид структурата на вооружените сили и Министерството за одбрана на Русија.   

„Претставени се над 280 современи и перспективни примероци на техника и вооружување од сите видови, родови војска на ВС РФ, како и на централните органи на воената управа“, соопштува министерството.  

Како што се очекува, особен интерес кај интернет-корисниците ќе предизвикаат експонатите на ретро-техниката од фондовите на Централниот музеј на тенковско вооружување и техника -  домашните тенкови Т-60, Т-34-85, борната кола БА-6, самоодните артилериски орудија СУ-100 кои учествуваа во Втората светска војна, како и повоените тешки тенкови ИС-3 и Т-44.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.