Претскажувањата на САД за тоа дека рускиот проект за Евроазиски економски сојуз (ЕАЕС) и кинескиот проект за нов Пат на свилата нема да можат да коегзистираат во ист регион не се реализираа, пишува „СпутникЊуз“.
Според мислењето на американските аналитичари, меѓу Русија и Кина порано или подоцна треба да настане соперништво за влијание во Централна Азија поради активната економска експанзија на Пекинг, а конкуренцијата неизбежно ќе ги отежне билатералните односи. Сепак, без оглед на мрачните претскажувања, Русија и Кина крајно вешто ги обединија своите напори, се вели во статијата.
Во текот на средбата во мај лидерите на Русија и Кина, Владимир Путин и Си Ѓинпин, изјавија дека имаат намера да разработуваат механизми за соработка на двата проекта. Земјите сакаат да создадат заеднички економски простор во Евроазија и постепено ги документираат правните документи за тоа. Според мислењето на раководителот на програмата „Русија во Азиско-Тихоокенанскиот регион“ на Московскиот Карнеги центар Александар Габуев, меѓу Русија и Кина може да се случи „поделба на трудот“ во Централна Азија. Истовремено Пекинг може да биде главен економски двигател, а Москва да стане главен гарант за безбедноста во регионот, пишува изданието.
Експертите сметаат дека за Русија и Кина ќе биде клучен развојот на инфраструктурата – ќе се градат и обновуваат железнички пруги и автопатишта. Покрај тоа, земјите ќе ја развиваат соработката во сферата на енергетиката, металургијата и слично. Заедничкиот проект на Москва и Пекинг би помогнал да се обедини капиталот кој доаѓа од Русија, Кина и други земји. Тие средства би можеле да ја поддржат Евроазиската банка за развој и Азиската банка за инфраструктурни инвестиции и би овозможиле да се забрза создавањето на Банката за развој на Шангајската организација за соработка, смета заменик-директорот на Институтот за Далечниот Исток на РАН Сергеј Лузјанин.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче