Блогери претпоставија кој ќе биде првиот што ќе го добие тенкот „Армата”

До 2020 година 5 гардиска тенковска бригада чие седиште се наоѓа во Улан Уде ќе добие преку 500 парчиња најново вооружување и техника, соопштија блогери повикувајќи се на извор во Министерството за одбрана.

До 2020 година 5 гардиска тенковска бригада чие седиште се наоѓа во Улан Уде ќе добие преку 500 парчиња најново вооружување и техника, соопштија блогери повикувајќи се на извор во Министерството за одбрана. Како што претпоставуваат, се работи за тенкот „Армата”, пренесува Взгљад.

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу ја посети 5 гардиска тенковска бригада која ќе биде снабдена со најнова техника и со тоа „за 1,6% ќе го зголеми борбениот потенцијал на единицата”.

Исто така, во 2017 година бригадата ќе организира обука на млади специјалисти за работа со новата техника, а 2018 година ќе биде подготвен полигон за практични борбени вежби со примена на ново оружје, пренесува блогот на Центарот за анализа и стратегија на технологијата, наведувајќи дека се работи за тенкот „Армата”. До 2020 година претстои изградба и капитален ремонт на околу 100 објекти од воената и социјалната инфраструктура.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња