САД го откажаа учеството на Петербуршкиот економски форум

На Петербуршкиот меѓународен економски форум нема да има претставници на владата на САД, изјавија од американската администрација, пренесува РИА „Новости“.

На Петербуршкиот меѓународен економски форум нема да има претставници на владата на САД, изјавија од американската администрација, пренесува РИА „Новости“.

„Владата на САД нема да биде претставена на ниедно ниво“, изјави висок претставник на администрацијата на САД, наведувајќи го како причина пристапот на Русија кон украинската криза.

Според мислењето на официјален Вашингтон, тој однос уште од минатогодишниот Петербуршки меѓународен економски форум (ПМЕФ) станал „уште поагресивен“. Според неговите зборови, на бизнисмените во САД и понатаму им се испраќа сигнал дека враќањето кон нормализација на бизнисот со Русија е „преполн со очигледни економски и репутациски  ризици”.

Како што пренесе британскиот „Фајненшел Тајмс“, забраната за американските фирми да учествуваат на ПМЕФ од страна на властите на САД е послаба од претходно. САД во 2014 година се изјаснија против учеството на американски и европски компании на Економскиот форум во Санкт Петербург. Министерот за економија и развој Алексеј Уљукаев изјави дека со отсуството на претставници од Америка и Европа форумот практично ништо не губи.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.