Претседателите на Русија и Турција, Владимир Путин и Реџеп Таип Ердоган, се сретнаа во Баку и одржаа преговори зад затворени врати, пренесува РИА „Новости”.
Од руска страна на средбата присуствуваа помошникот на рускиот претседател Јуриј Ушаков, шефот на дипломатијата Сергеј Лавров, министерот за енергетика Александар Новак, директорот на „Росатом“ Сергеј Кириенко и генералниот директор на „Гаспром” Алексеј Милер.
Пред камерите на фоторепортерите шефовите на двете држави само разменија впечатоци за одржаната церемонија на отворањето на Првите европски игри на која присуствува двајцата лидери. Ердоган истакна дека на овој настан не дојде ниту еден европски лидер.
„Турција како земја-кандидат за членство во ЕУ ја претставуваше целата Европска унија“, рече Путин на коментарот на Ердоган.
Тие се согласија дека свеченото отворање било многу живописно и им посакаа успех на своите тимови, како и на спортистите на домаќинот на Европските игри во Азербејџан.
Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков претходно изјави дека Путин и Ердоган на средбата во Баку ќе разговараат за ситуацијата во Сирија и заедничките проекти од областа на енергетиката, вклучувајќи го и „Турски тек“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче