Медиуми: Европската комисија одбила таен предлог на Русија за асоцијацијата на Украина и ЕУ

Москва ѝ дала на Европската унија таен предлог во врска со регулирањето на трговските односи меѓу Брисел, Русија и Украина, меѓутоа, ЕУ ја одбила таа понуда, соопшти германски „Шпигел“ повикувајќи се на извор во Европската комисија.

Москва ѝ дала на Европската унија таен предлог во врска со решавањето на трговските односи меѓу Брисел, Русија и Украина, меѓутоа, ЕУ ја одбила таа понуда, соопшти германски „Шпигел“ повикувајќи се на извор во Европската комисија.

Како што пишува германскиот весник, рускиот предлог на 52 страници стигнал во Брисел „во периодот кога односите на Москва и ЕУ биле напнати како никогаш порано во изминатите неколку месеци“. Понудата на Русија претставувала обид за зачувување на руските интереси по стапувањето на сила на Спогодбата за слободна трговија меѓу ЕУ и Украина, пренесува РИА „Новости”.

Овој документ „би создал еднострани обврски во Украина и ЕУ“ и поради тоа е одбиен, изјави изворот во Европската комисија,  нарекувајќи го рускиот предлог „враќање во времето на Сталин“. Според неговите зборови, тројната спогодба е направена за да се поништи Договорот за асоцијација на Украина и ЕУ.

Во документот се набројани 30 регистрирани руски фирми на Крим. „Доколку ЕУ би го усвоила документот, тоа би претставувало прв чекор кон признавање на анексијата на полуостровот“, пишува германскиот весник.

Кон крајот на мај постојаниот претставник на Русија во ЕУ Владимир Чижов изјави дека Москва не бара текстот на Договорот за слободна трговска зона меѓу Украина и ЕУ да биде изменет.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња