Италијански хирург побара помош од Бил Гејтс за пресадување на тело на руски граѓанин

Италијанскиот неврохирург Серџо Канаверо кој одлучи првпат во историјата да изврши трансплантација на човечка глава на друго тело изјави дека за реализација на својата идеја чека помош од Американците, вклучувајќи го и основачот на „Мајкрософт“ Бил Гејтс.

Италијанскиот неврохирург Серџо Канаверо кој одлучи првпат во историјата да изврши трансплантација на човечка глава на друго тело изјави дека за реализација на својата идеја чека помош од Американците, вклучувајќи го и основачот на „Мајкрософт“ Бил Гејтс.

„Американци, јас ве молам да дадете ваш придонес. Јас веќе го дадов својот, откако ѝ посветив на оваа идеја 30 години од својот живот! Имам детален план“, рече Канаверо, повикувајќи ги хирурзите да ја разгледаат можноста за формирање работни групи кои ќе се занимаваат со најважните прашања поврзани со операцијата, пренесува РИА „Новости”. Тој, исто така, изрази надеж дека ќе добие помош и до бизнисмени, милијардери, како што е Бил Гејтс.

Канаверо со помош на ултра-тенки скалпели планира да ја одвои главата од телото и за кратко време да ја спои со ‘рбетниот мозок на друго тело. Како лепак на местото на сраснување се планира да се користи полиетилен гликол, обичен полимер кој се користи во производството на козметика, на гориво и како додаток во исхраната. Канаверо е убеден дека при користењето на оваа технологија телото нема да ја отфрли главата, а дека клетките на ‘рбетниот мозок ќе се обноват, што ќе резултира со тоа што мозокот на пациентот по месец дена поминати во вештачка кома ќе може да управува со новото тело.

Русинот Валериј Спиридонов кој сака да се подложи на овој револуционерен зафат е сигурен во конечниот успех на операцијата. „Пред нас е голема заедничка иднина. Серџо и јас ќе работиме на тоа ова да стане реалност. Немам страв. Јас сум програмер и разбирам кои чекори се потребни за успех на операцијата. И ние ќе ги направиме“, рече Спиридонов.

Спиридонов боледува од вродена спинална атрофија (Вердниг-Хофманов синдром) поради која е трајно врзан за инвалидска количка. Валериј Спиридонов вели дека се решил на тој очајнички чекор за да добие ново, здраво тело, иако е свесен за големиот ризик.  

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња