Партијата „Форца Италија” на поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони предложи укинување на санкциите против Русија, изјавувајќи дека со тоа го брани мислењето на огромното мнозинство Италијанци и на целиот континент, пишува германски „Билт“, а пренесува „Взгљад“.
Следната недела италијанскиот парламент ќе го разгледа барањето на партијата за укинување на економските санкции против Москва. Членовите на партијата ги окарактеризираа санкциите како „неправедни, контрапродуктивни и штетни”. Тие, исто така, изјавија дека за ова прашање на нивна страна имаат не само огромно мнозинство Италијанци, туку и „јавното мислење на целиот континент“.
Како што пишува германското издание, партијата на Берлускони ѝ пркоси на политиката на Париз, Лондон, Брисел и Берлин. Сите тие и понатаму сметаат дека со припојувањето на Крим кон Русија е прекршено меѓународното право, како и дека ублажувањето на санкциите е можно единствено ако се исполни Минската спогодба.
Берлускони апелира Рим да го искористи своето влијание во сите земји на ЕУ за да може што поголем број земји на следното гласање во врска со антируските санкции да го следат примерот на Италија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче