Американски вицеадмирал: Постапките на Русите се професионални

Заменик-командантот на американската Воена морнарица во Европа, вицеадмиралот Џејмс Фогто го пофали професионализмот на командирите на руските бојни бродови кои се појавија во зоната каде што НАТО реализираше маневри во Балтичкото море, пренесува РИА „Новости”.

Заменик-командантот на американската Воена морнарица во Европа, вицеадмиралот Џејмс Фогто го пофали професионализмот на командирите на руските бојни бродови кои се појавија во зоната каде што НАТО реализираше маневри во Балтичкото море, пренесува РИА „Новости”.

„Руските Воено-поморски сили и воздухопловство постапуваа професионални и јас не би гледал како закана во текот на спроведувањето на воените вежби кои ние ги нарекуваме „нулта фаза“ или „вежби во мирно време“ рече Фогто.

Тој изјави дека на 11 јуни примил делегација на Воено-поморската флота на Русија на чело со вицеадмиралот Олег Бурцев. Во текот на разговорите страните ги разгледале мерките за спречување на судири на море и во воздух. „Тоа беше отворена, искрена и конкретна дискусија за тоа како можеме да извршуваме задачи во исти води, а да избегнеме грешки“. Ова е прва средба на претставници на Воените морнарици на Русија и САД од почетокот на кризата во Украина.

Премиерот на Канада Стивен Харпер на 11 јуни постави на својот Твитер-профил фотографија од руски боен брод која ја направи од фрегатата „Фредериктон“ во Балтичкото море. Министерот за одбрана на Канада Џејсон Кени изјави дека „руски фрегати“ ја следеле реализацијата на маневрите на НАТО „Балтопс-2015“. Тој додаде дека таа практика е вообичаена и дека во тоа нема никаква опасност по канадскиот брод.  

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња