Русија и Египeт ја завршија активната фаза на воените вежби во Средоземното море

Бродовите на Воената морнарица на Русија и Воено-поморската флота на Египет ги завршија вежбите во рамките на заедничките маневри последниот ден од активната фаза на руско-египетските воени вежби во Средоземното море, соопшти Министерството за одбрана на Русија, пренесува РИА „Новости”.

„Изминатите 24 часа руските и египетските воени бродови во рамките на обуката извршија задачи за заедничко маневрирање, како и вежби за дополнување на резервите во движење и достава на товар на бродовите со помош на хеликоптери“, се наведува во соопштението.

Ноќта, во текот на активната фаза на вежбите, бродовите на руската морнарица и морнарицата на Египет извршуваа задачи за маневрирање со користење на технички и визуелни средства за комуникација.

На бродовите континуирано се врши контрола на воздухот и ситуацијата на површината на водата, а податоците се пренесуваат во гардискиот ракетен разурнувач „Москва“, каде што се наоѓа мобилниот штаб на египетско-руските поморски вежби „Мост на пријателство-2015“. Пред мракот со артилериско оружје од бродовите се гаѓаат симулирани мети.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња