На американскиот Конгрес му требаше повеќе од една година да го признае постоењето на баталјонот „Азов“, но „подобро некогаш, отколку никогаш“, изјави официјалниот претставник на Министерството за надворешни работи на Русија Александар Лукашевич.
„Повеќе од година дена беше потребно американскиот Конгрес да увиде дека оваа единица претставува отворен собир на нацисти, кои мавтаат со симболи на хитлеровската војска и се однесуваат како картел на окупираната територија. Сепак, подобро некогаш, отколку никогаш“, изјави Лукашевич, а пренесува „Взгљад“.
„Следниот логичен чекор би бил конечно да признаат дека минатогодишниот пуч во Киев, кој беше активно поддржуван од Киев, е спроведен од страна на истите нацистички разбојници. Очигледно е дека ни другите формации на Народната гарда на Украина не се подобри од „Азов“, се наведува на сајтот на МНР Русија.
Во соопштението на рускиот дипломатски ресор, исто така, пишува дека „крвавите злосторства на украинските нацисти кои ги гореа живи жителите на Одеса и кои продолжуваат да убиваат жени и деца во Донбас, зборуваат сами за себе“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче