Руски борбен авион прелетал со голема брзина покрај шпионски авион на Военото воздухопловство на САД во меѓународниот воздушен простор над Црното море, соопшти „Си-Ен-Ен“, повикувајќи се на неколку американски чиновници, а пренесува РИА „Новости”.
Како што наведуваат медиумите, инцидентот се случил на 30 мај, но досега ништо не се знаело за него. Рускиот ловец некое време летал покрај американскиот авион на иста висина, потоа ја намалил брзината и почнал да го следи авионот на САД, по што се оддалечил од зоната во кој се наоѓало американското летало. Медиумите пренесоа дека „американскиот авион не се обидел да го избегне „зближувањето“ со рускиот ловец.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче