Во составот на руските Воздушно-десантни сили (ВДВ) формирани се преку 10 падобранско-десантни и десантно-јуришни баталјони кои се подготвени да реагираат моментално на ненадејни закани по безбедноста на Русија, изјави командантот на Воздушно-десантните сили генерал-полковник Владимир Шаманов.
„За да можеме без одлагање на парираме на воените закани од секаков правец, денес во составот на нашите сили се наоѓаат над десет баталјони на Воздушно-десантните сили кои се подготвени без одлагање да пристапат кон извршување на борбени задачи како на територијата на Русија, така и надвор од нејзините граници“, изјави командантот во текот на форумот „Армија-2015“, пренесува „Интерфакс“.
Баталјоните, по правило, се состојат од 350 до 500 луѓе, т.е. се работи за неколку илјади војници подготвени за брза реакција.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче