Денот на Русија се одбележува со бројни манифестации во Москва

По повод Денот на Русија во Москва денес ќе бидат одржани повеќе од илјада свечености. Московјаните и гостите на рускиот главен град ќе можат да уживаат во многубројни концерти, изложби, презентации и огномет.

По повод Денот на Русија во Москва денес ќе бидат одржани повеќе од илјада свечености. Московјаните и гостите на рускиот главен град ќе можат да уживаат во многубројни концерти, изложби, презентации и огномет.  

Ноќта пред празникот во рускиот главен град беше одржано масовно автомобилско дефиле. Во рамките на ова возење, околу 500 автомобили во бела, црвена и сина боја формираа руска тробојка, а потоа се возеа низ Москва.

„Планирано е голема прослава на Денот на Русија во музеите, парковите, галериите, библиотеките, културните центри и клубовите. На повеќе од 200 локации ќе бидат организирани над илјада манифестации“, рече директорот на Секторот за култура во Москва Александар Кибовски, пренесува РИА „Новости”.

Од Донецк ќе пристигнат и 28 дева од три детски уметнички колективи. Ќе биде отворен павилјон на Музејот на современата уметност „Гараж“, фестивалот на руска музика  Motherland во Музеон и меѓународниот книжевен фестивал во паркот „Соколники“.  Во прославата ќе учествуваат и најдобрите руски кадети, како и  олимписки спортисти.

Денот на Русија е еден од најмладите празници во Русија. Првиот Конгрес на народните пратеници  на Руската Советска Федеративна Социјалистичка Република ја усвои Декларацијата за државниот суверенитет на Русија на 12 јуни 1990 година. Официјалниот назив „Денот на Русија“ влезе во употреба дури во 2002 година.

Во салите во Њујорк, Париз, Ерусалим, Рио де Жанеиро и Пекинг денеска во рамките на културниот проект „Светски ден на Русија“ ќе бидат одржани концерти на кои ќе настапат значајни руски изведувачки ансамбли. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња