Денот на Русија прославен и во Скопје

По повод денешниот празник, Денот на Русија, вчеравечер во просториите на хотелот „Александар Палас“ во Скопје беше организиран свечен прием од страна на Амбасадата на Руската Федерација во Република Македонија.

По повод денешниот празник, Денот на Русија, вчеравечер во просториите на хотелот „Александар Палас“ во Скопје беше организиран свечен прием од страна на Амбасадата на Руската Федерација во Република Македонија. На свеченоста беа присутни претставници на дипломатскиот кор во Република Македонија, претставници на Македонската православна црква, јавни личности, претставници на академската и на бизнис-заедницата, руски сонародници и едноставно пријатели на Русија.

Во своето обраќање до присутните, амбасадорот на Руската Федерација во Република Македонија Олег Шчербак изјави дека „Русија е отворена за чесно и рамноправно партнерство со сите држави без исклучок. Русите го ценат мирот и не сакаат конфронтација. Во исто време, решително ја отфрламе политиката на наредување, на двојни стандарди и на правото на исклучителност, како и на мешањето во внатрешни работи на другите држави, цврсто ќе ги браниме своите национални интереси“.

Обраќајќи им се на македонските пријатели, како што тој ги нарече, амбасадорот Шчербак истакна: „Задоволни сме од пријателскиот карактер на нашите односи со Република Македонија, видиме сериозен потенцијал за нивно унапредување и насочени сме кон понатамошно проширување на соработка од заемно корисната за доброто на народите на нашите две земји, зацврстување на мирот и на стабилноста во регионот. Русија и Македонија ги поврзуваат цврсти историски корени, богато културно и духовно сродство. Никогаш не сме биле и нема да бидеме рамнодушни во однос на случувања во оваа земја која за нас е братска“.

Прославата продолжи во атмосфера на разговори помеѓу присутните, а за амбиентот се погрижи и прекрасно музичко трио.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња