По хакерски упад, сајтот на литванската војска најави анексија на Калининград

Хакери кои влегле на сајтот на Здружениот штаб на литванската војска оставиле порака дека цел на обуката „Удар на сабја 2015“ во Балтикот и Полска е подготовка за анексија на Калининград, пренесува „Взгљад“.

Хакери кои влегле на сајтот на Здружениот штаб на литванската војска оставиле порака дека цел на обуката „Удар на сабја 2015“ во Балтикот и Полска е подготовка за анексија на Калининград, пренесува „Взгљад“.

Портпаролот на Министерството за одбрана на Литванија Виктор Цемните потврди дека на сајтот била објавена лажна информација која сега е избришана. „Аналитичарите на Националниот центар за кибер-безбедност спроведуваат истрага за овој упад“, рече Цемините.

Во коментарите на воениот ресор на Литванија, исто така, се наведува дека по повод овој случај  покрената истрага. Во соопштението пишува дека за безбедноста на сајтот е одговорна приватна фирма.

На воените вежби „Удар на сабја 2015“ кои се одржуваат од 1 до 19 јуни во Естонија, Литванија, Летонија и Полска, ќе бидат ангажирани околу 6 илјади војници од 13 земји=членки на НАТО, како и од Финска. Воените вежби се организирани од Копнените сили на САД во Европа. Целта на овие маневри е развој и усовршување на соработката на сојузниците во планирање и спроведување воени операции, соопшти Министерството за одбрана на Литванија.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња