Партијата на Берлускони ќе се изјасни против антируските санкции во италијанскиот парламент

Партијата „Форца Италија“ денеска на дневниот ред во италијанскиот парламент ќе го постави прашањето за укинување на санкциите против Русија, изјави поранешниот премиер на Италија Силвио Берлускони по средбата со рускиот претседател Владимир Путин.

Партијата „Форца Италија“ денеска на дневниот ред во италијанскиот парламент ќе го постави прашањето за укинување на санкциите против Русија, изјави поранешниот премиер на Италија Силвио Берлускони по средбата со рускиот претседател Владимир Путин. Политичарите се сретнаа на аеродромот Фјумичино по посетата на Италија од страна на рускиот претседател, пренесува РИА „Новости”.

„Утре во парламентот ќе претставиме предлог-резолуција кој ја повикува владата да не ги продолжува санкциите против Русија. Санкциите се многу штетни за нашите интереси, а станува збор за мошне висока цифра“, рече Берлускони. „Освен тоа, сакаме владата на Италија да преземе обврска да убеди што поголем број европски земји да го следат нашиот пример, како и да ги убеди американските пријатели дека е невозможно да се вратиме на студената војна“, истакна поранешниот италијански премиер. 

Тој додаде дека ѝ припаѓа на генерацијата Европејци кои преживеаја судир на две нуклеарни сили, од кои секоја можеше десет пати да го уништи целокупното население на планетата користејќи го својот нуклеарен арсенал.

„Денеска Путин и јас споменавме дека во 2002 година, кога е потпишан договорот меѓу НАТО и Русија, е ставена точна на оваа ноќна мора“, истакна Берлускони. Тој апелираше на западните политичари да се вразумат и да воспостават соработка со Русија,  која би ја вратила Г-7 во форматот Г-8. „Таквите односи се важни поради соработката во глобална смисла“, рече италијанскиот политичар, додавајќи дека посетата на рускиот лидер на Италија е многу позитивен факт.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња