Научно-практичната конференција „Балкански дијалог” се одржува секоја година во вид на дискусиона платформа со цел воспоставување дијалог меѓу експерти и млади стручњаци од земјите на Балканскиот полуостров во сферата на меѓународните односи, економијата и безбедноста во меѓународното новинарство, пренесува „Руски експрес”.
Оваа година конференцијата ќе биде посветена на следниве теми: проблеми на регионалната безбедност, енергетската политика на светските актери на Балканот, историските основи на современата геополитика на регионот, дијалогот како пат кон решавање на историските предизвици и надминување на новите закани.
Во текот на пленарните состаноци, јавните предавања за помладите учесници, тркалезните маси, тематските секции и средбите, особено внимание ќе им биде посветено на главните насоки на меѓународната соработка во сферата на хуманитарните акции, економијата, политиката и културата.
Организатор на конференцијата е рускиот Фонд за поддршка на јавната дипломатија „Горчаков“. Порталот „Руска реч” е еден од медиумските спонзори на овој настан.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче