Учеството на државјани на САД во тестирање на вооружување од советски тип во Бугарија ја изненади Москва, соопшти извор во Министерството за надворешни работи на Русија, пренесува РИА „Новости”.
Во дипломатскиот ресор се прашуваат „каква цел следат граѓаните на САД кои непосредно учествуваат во тестирањето на оружје од советски тип од страна на приватна воена компанија на територијата на Бугарија“.
Во Москва обрнаа внимание и на тоа дека немаше никакви коментари од страна на американски официјални претставници. Како што соопшти бугарската агенција „Новините“ повикувајќи се на „Ројтерс“, експлозија на граната од рачен ракетен фрлач од советско производство РПГ-7 се случила на полигонот во бугарското село Анево во текот на тестирањето на оружје за Сирија. Жртва на експлозијата бил граѓанин на САД. Исто така се наведува дека потешко се повредени двајца Американци и двајца државјани на Бугарија.
Според информациите на каналот „Ѕвезда“ кој се повикува на бугарски медиуми, полигонот бил изнајмен од приватна американска фирма која вежбала гаѓање.
Амбасадата на САД во Сoфија соопшти дека настраданите се вработени во компанијата Purple Shovel која потпишала договор со Вооружените сили на САД за специјални операции. Фирмата е ангажирана како помош за организацијата која ја реализира американската програма за обука и вооружување на умерените опозициски сили во Сирија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче