Кремљ вети одговор на можното засилување на антируските санкции

Портпаролот на претседателот на Русија Дмитриј Песков вети дека Москва по прашањето на антируските санкции се придржува до принципот на реципроцитет.

Можното засилување на антируските санкции од страна на Г-7 нема да остане без одговор на Москва. Ваква изјава даде портпаролот на претседателот на Русија Дмитриј Песков, пренесува „Интерфакс“.

„Русија многупати во прашањата за санкциите ја потенцирала својата приврзаност на принципот на реципроцитет. Се разбира, врз основа на реципроцитет сите санкциски чекори нема да бидат оставен без одговор“, потенцираше Песков, коментирајќи ги на тој начин зборовите на потпретседателот на САД Џо Бајден за намерата на Г-7 да ги зајакнат мерките на ограничување против Русија.

Портпаролот на Владимир Путин исто така реагираше и на информациите на италијанската агенција „Анса“, според која посетата на рускиот лидер на Италија предизвикала загриженост на администрацијата на САД. „Овде пред сѐ има прашања кои се однесуваат на меѓусебните односи на Москва и Рим“, изјави Песков.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња