Денес, 11 јуни, во Основното училиште „Димитар Миладинов“ во Скопје се одржа церемонија во која на училиштето му беа предадени учебни материјали по руски јазик. Учебниците, тетратките и останатите учебни материјали се донација од компанијата „САСА“, која е една од најголемите руски инвестиции во Македонија.
На церемонијата што се одржа во кабинетот за изучување на рускиот јазик присуствуваа претставници на „САСА“, амбасадорот на РФ во Македонија О. Шчербак и раководството на училиштето. Неколку ученици прочитаа песни на руски јазик од познатите руски поети Пушкин и Лермонтов.
Покрај донацијата, на ученикот Филип Етнишовски му беа врачени портрети на претседателот на РФ Владимир Путин и премиерот Дмитриј Медведев со нивни оригинални автограми како доказ дека неговата молба да добие такви автограми не останала без должното внимание.
Основното училиште „Димитар Миладинов“ е единственото основно училиште во Скопје во кое се изучува рускиот јазик.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.