Кери го честиташе Денот на Русија

Државниот секретар на САД Џон Кери во честитката по повод Денот на Русија повика на размислување за длабоките врски меѓу руската американската култура, соопшти Стејт департментот.

Државниот секретар на САД Џон Кери во честитката по повод Денот на Русија повика на размислување за длабоките врски меѓу руската американската култура, соопшти Стејт департментот.

„Денеска е соодветен момент да се замислиме за длабоките врски кои постојат меѓу руската и американската култура – од „Скапоцености“ на Баланчанин до „Уранија“ на Јосиф Бродски“, ги цитира неговите зборови ТАСС.

„Одбележувајќи ја 70-годишнината од завршувањето на Втората светска војна оваа година, ние исто така ги паметиме огромниот број жртви на двете страни, оние кое се бореа против нацизмот, вклучувајќи ги и милионите Руси кои војуваа во големи битки и милионите кои загинаа“, истакна Кери.

Според неговите зборови, „децениите слобода на говорот и мислата му дадоа на светот големи уметнички и интелектуални“ дејци кои „го украсија животот и ги воодушевија“ народите на двете земји.

„Годинава исто така се одбележуваат и 90-годишнината на Владимир Мајаковски, кој реализираше грандиозно патување низ Соединетите Држави, овековечено во неговото „Моето откривање на Америка“. Зборовите на Мајаковски претставуваат убедливо потсетување за важноста на зацврстувањето на врските меѓу нашите народи и заемното разбирање и почитување“, продолжи шефот на американската дипломатија.

Како што истакнува Кери, „на овој посебен ден Соединетите Држави му се придружуваат на рускиот народ во празнувањето на многуте  врски кои ги поврзуваат нашите два народа“.

„Им посакувам на граѓаните на двете земји да живеат во мирна, просперитетна и демократска иднина“, заклучи државниот секретар.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња