Бајден ја изрази подготвеноста на Г-7 за воведување „сериозни“ санкции против Русија

САД и Г-7 се подготвени во случај на потреба да воведат против Русија „сериозни, дополнителни санкции“, изјави потпретседателот на САД Џозеф Бајден, пренесува ТАСС.

САД и Г-7 се подготвени во случај на потреба да воведат против Русија „сериозни, дополнителни санкции“, изјави потпретседателот на САД Џозеф Бајден, пренесува ТАСС.  

„Потпретседателот на САД ја истакна одлучноста на САД и нејзините партнери од „Групата седум“ да продолжат со притисоците врз Русија за да се реализира во целост Минската спогодба, вклучувајќи го враќањето на контролата на Украина над меѓународните граници, како и излегување на сите руски војници и вооружени сили од украинска територија“, се наведува во извештајот по повод средбата на Бајден со украинскиот премиер Арсениј Јацењук.  

„Потпретседателот, исто така, истакна дека САД и нивните сојузници од „Групата седум“ се подготвени да воведат дополнителни сериозни санкции, доколку биде неопходно да се реагира на делувањето на Русија“, пишува во соопштението.

Лидерите на Г-7 го усвоија завршното коминике во кое се наведува дека санкциите против Русија ќе бидат укинати откако целосно ќе се реализира Минската спогодба.

Еден ден пред самитот наГ-7 Белата куќа соопшти дека претседателот на САД Барак Обама и германската канцеларка Ангела Мерке постигнале договор околу прашањето за траењето на антируските санкции

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња