Претседателот на Русија Владимир Путин на Меѓународниот конгрес на руските медиуми ја истакна улогата на руските медиуми во непристрасното известување за настаните во Втората светска војна и спротивставувањето на обидите да се фалсификуваат историските факти, соопшти прес-службата на Кремљ, пренесува „Взгљад“.
„Овој конгрес се одржува во годината во која ја славиме 70-годишнината од Великата Победа. И поради тоа темата на зачувување на нашето заедничко историско сеќавање има централно место во руските медиуми во земјата и странство. Би сакал да ја истакнам и вашата улога во искреното, непристрасно известување за настаните од Втората светска војна и спротивставувањето на обидите да се фалсификуваат историските факти. За победата е платена огромна, превисока цена и никој нема право го ревидира нејзиниот исход и преиспитува нејзините лекции“, рече Путин.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче