НАТО загрижен поради летовите на руските ловци над Балтикот

Претставникот на САД во НАТО Даглас Лут изјави дека Алијансата е загрижена поради присуството на руските ловци во балтичките држави, пренесува РИА „Новости”.

Претставникот на САД во НАТО Даглас Лут изјави дека Алијансата е загрижена поради присуството на руските ловци во балтичките држави, пренесува РИА „Новости”.

„Нѐ загрижуваат можните грешки во пресметките, инцидентите, како и непредвидените последици кои можат да бидат предизвикани од морски или воздушни активности”, рече Лут. Тој додаде дека во областа на Балтичкото море ситуацијата е и понатаму „многу опасна и дестабилизирана“.

Во април, портпаролот на Пентагон Марк Рајт соопшти дека руски ловец Сухој Су-27 на небото над Балтичкото море опасно се приближил на американски извидувачки авион. Тогаш претседателот на Комитетот на Советот на Федерацијата за меѓународни прашања на Русија Константин Косачов изјави дека САД треба да престанат со хистеријата по повод летовите на руските борбени авиони во балтичкиот регион.

Претседателот на воениот комитет на НАТО, чешкиот генерал Петар Павел кон крајот на мај изјави дека руската војска може да ги окупира балтичките земји во рок од два дена и дека во таква ситуација НАТО не би можел адекватно да реагира. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.