Путин го потпиша законот за амнестија на капитал во странство

Законот создава правна основа во 2015 година во Русија да се реализира доброволно пријавување на имот и банкарски сметки во странство, вклучувајќи ги и оние регистрирани на име на номиналните сопственици.

Претседателот на РФ Владимир Путин го потпиша законот за амнестија на пријавена странска актива. Документот беше објавен на официјалниот интернет-портал за правни информации во понеделникот, 8 јуни.

Законот создава правна основа во 2015 година во Русија  да се реализира доброволно пријавување на имот и банкарски сметки во странство, вклучувајќи ги и оние регистрирани на име на номиналните сопственици. Ова се однесува на недвижниот имот, хартиите од вредност, акциите (уделите) во капиталот на организациите и на контролираните странски компании.

Декларантите ќе бидат ослободени од кривична, административна и  даночна одговорност, доколку поврзаните со декларираниот имот престапи биле направени до 1 јануари 2015 година, и само во границите на имотот наведен во декларацијата. На тој начин, законот ќе овозможи да се избегне кривична одговорност за неисполнување на обврските за репатријација на парични средства, за неплаќање на царински давачки, даноци и такси, за неисполнување на обврските на фискален агент, за неприjaвување на парични средства и имот на организациja или индивидуален претприемач, за сметка на кои треба да се врши наплата на даноци и такси.

За легализација на имотот ќе треба да се поднесе во даночниот орган од 1 јули до 31 декември 2015 година специјална декларација за која ќе важи режимот на даночна тајна.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња