Министерството за одбрана на Русија побара од Пентагон објаснување

Министерството за одбрана на Русија побара од американскиот ресор за одбрана објаснување во врска со изјавите на генералот Мартин Демпси за можно распоредување американски копнени ракети во Европа и Азија насочени кон рускиот нуклеарен потенцијал, изјави заменик-министерот за одбрана на РФ Анатолиј Антонов.

„Во Министерството за одбрана на Русија се врши скрупулозна анализа на информациите по прашањето за исполнувањето на Договорот за ракетите со среден и краток дострел, а кои пристигаат од различни извори. Се разбира, ние обративме внимание на тие објави во западниот печат“, изјави Антонов, пренесува ТАСС.

„За добивање официјално објаснување од американската страна ние упативме барање по воено-дипломатски канали да се изложи позицијата на Пентагон во однос на изјавите чиј автор наводно е шефот на Здружениот штаб генерал Мартин Демпси“, додаде тој.

Според неговите зборови, „мерките за кои зборуваат американските извори би значеле излегување на САД од Договорот за РСКД“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.