Американски генерал го смета Путин за најмоќен светски лидер

Претседателот на Русија Владимир Путин е најмоќниот светски лидер, изјави американскиот генерал во пензија и воен аналитичар Џек Кин за „Фокс Њуз“, пренесува РИА „Новости”.

Претседателот на Русија Владимир Путин е најмоќниот светски лидер, изјави американскиот генерал во пензија и воен аналитичар Џек Кин за „Фокс Њуз“, пренесува РИА „Новости”.

Кин го опиша рускиот претседател како „најстрашниот и најпочитуваниот“ светски лидер, кој е многу популарен во својата земја. Одговарајќи на прашањето дали државите од Г-7 можат да ѝ „пружат отпор“ на Русија, Кин рече дека и САД, и Европа се беспомошни пред Русија. Тој истакна дека Владимир Путин одлично ги познава слабостите на НАТО и дека ќе ја искористи таа предност.

Кин, меѓутоа, им се придружи на многубројните западни експерти кои го осудуваат Путин поради анексијата на Крим и воените интервенции на истокот на Украина кои Москва во повеќе наврати ги демантираше.

Американскиот генерал додаде дека Западот треба да одговори на делувањето на Русија на два начина: да испрати смртоносно оружје во Украина и да прегрупира дополнителни сили на НАТО во балтичките земји, што, како што рече тој, не се случува. „тоа се важни работи, но ние не ги правиме“, изјави Кин. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.