Велика Британија подготвена „поради Русија на своја територија да распореди боеви глави на САД“

Велика Британија е подготвена да распореди на својата територија нуклеарни ракети на САД, поради тензиите во односите со Русија, изјави британскиот министер за надворешни работи Филип Хамонд, а пренесува РИА „Новости”.

Велика Британија е подготвена да распореди на својата територија нуклеарни ракети на САД, поради тензиите во односите со Русија, изјави британскиот министер за надворешни работи Филип Хамонд, а пренесува РИА „Новости”.

Хамонд додаде дека Велика Британија мора да му испраќа на рускиот претседател Владимир Путин „јасни сигнали“ како одговор на загрижувачкиот пораст на воените активности на Русија, вклучувајќи го и распоредувањето на ракетите во Калининград.

„Принудени сме да ѝ испраќаме на Русија јасни сигнали кои кажуваат дека нема да ѝ дозволиме да помине преку нашата црвена линија“, рече Хамонд.

Според неговите зборови, распоредувањето на нуклеарни проектили на САД во Велика Британија засега е хипотетичко, затоа што Западот, сепак, не сака да биде иницијатор на „излишни провокации“ и да развива нова етапа на трката за вооружување, во услови на судир во Украина.

Само еден ден претходно, Хамонд изјави дека нема јасни знаци дека Русија планира да изврши инвазија врз Украина, како и дека Западот не треба да ја провоцира Москва со распоредување американски ракети.

Началникот на Ракетните сили и артилеријата на Копнените сили на Русија, генерал-мајор Михаил Матвеевски, претходно изјави дека ракетната единица на Вооружените сили во Калининградската област до 2018 година ќе биде, како и сите ракетни единици, опремена со системите „Искандер-М”.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња