САД се закануваат дека ќе го заобиколат ветото на Русија за повторно воведување санкции за Иран

Доколку биде потребно да се воведат санкции на Советот за безбедност на ОН против Иран, Вашингтон нема да дозволи Русија или Кина да го спречат тоа, изјави министерот за финансии на САД Џејкоб Лу, а пренесува ТАСС.

Доколку биде потребно да се воведат санкции на Советот за безбедност на ООН против Иран, Вашингтон нема да дозволи Русија или Кина да го спречат тоа, изјави министерот за финансии на САД Џејкоб Лу, а пренесува ТАСС.

„Меѓународната коалиција која со заеднички напори ги воведе мултилатералните санкции и понатаму е единствена во тоа дека Иран повторно мора да се соочи со сета сила на меѓународните рестриктивни мерки доколку не биде доследен на своите обврски спрема спогодбата“, рече Лу.

Шефот на финансискиот ресор на САД додаде дека САД сѐ уште разработуваат прецизен механизам кој ќе помогне санкциите на Советот за безбедност на ООН повторно да се активираат.

„Ние нема да дозволиме со ставање на вето на која било постојана членка на Советот за безбедност да се осуети овој план“, тврди Лу. Американскиот министер за финансии истакна дека претседателот на САД ќе има право повторно да ги активира санкциите против Иран.

„Истовремено, веќе воведените санкции, кои може да ги укине исклучително Конгресот, остануваат на сила. И ќе бараме од Конгресот да гласа за нивно укинување дури по неколку годни, во текот на кои Иран ќе покаже дека ја применува спогодбата“, истакна Лу.

Тој потсети дека поради рестриктивните мерки од 2012 година Техеран загубил 160 милијарди долари, а дека БДП на земјата во моментов е за 12%-15% помал отколку што би бил кога би се одржала тенденцијата на пораст од 2012 година. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.