Руските научници развиваат борбена опрема „Ратник-2”

Руските научници почнаа да ја развиваат борбената опрема од нова генерација „Ратник-2”, изјави генералниот директор на Фондот за перспективни истражувања Андреј Григорјев, а пренесува РИА „Новости”.

Руските научници почнаа да ја развиваат борбената опрема од нова генерација „Ратник-2”, изјави генералниот директор на Фондот за перспективни истражувања Андреј Григорјев, а пренесува РИА „Новости”.

„Заедно со Централниот научноистражувачки институт за прецизна механика започнавме проект кој е насочен кон реализација на нашата визија за тоа каква треба да биде опремата на „војникот на иднината“ за 15 до 20 години. Проектот е многу интересен и повикавме многумина да учествуваат во него, а наскоро ќе организираме и семинар на оваа тема во Фондацијата“, рече Григорјев.  

Според неговите зборови, во моментов во Фондацијата има голем број предлози и идеи за тоа каква би требало да биде опремата меѓутоа, како што реле, потребно е систематски да му се пристапи на овој проект.

Григорјев претходно изјави дека за развој на оваа борбена опрема ќе бидат потребни од 10 до 15 години. Првите примероци на „Ратник-2” ќе се појават меѓу 2025 и 2030 година.

Руската војска  кон крајот на мај ја доби првата сериска испорака на борбената опрема „Ратник“, која претставува комплет современи средства (униформа, заштитни елементи, елементи за комуникација, оружје и муниција). Опремата е составена од 10 потсистеми. Опремата „Ратник” се базира на систем од модули кои можат да се склопуваат, расклопуваат и прилагодена е за дејствување во најразлични услови и во секој период од денот. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.