Кремљ внимателно ги проучува плановите на САД за распоредување ракети во Европа и констатира дека таквите проекти предизвикуваат тензии во светот.
„Да, оваа тема се дискутира, може да се слушне. Некакви активности во правец на предизвикување тензии, се разбира, нема да биде од ничиј интерес“, изјави за новинарите портпаролот на претседателот на РФ Дмитриј Песков. На тој начин тој ја коментираше изјавата на министерот за надворешни работи на Велика Британија Филип Хамонд за можното распоредување на територијата на оваа земја на американски ракети со нуклеарни боеви глави.
„Несомнено, само по себе оваа тема едвај дека ќе придонесе за зголемување на нивото на меѓусебна доверба и рамнотежа на интересите“, потенцираше претставникот на Кремљ.
Според неговите зборови, во изјавата на Хамонд „нема конкретност“. „Затоа ние продолжуваме многу внимателно да го следиме ова прашање“, изјави Песков.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче