Германската канцеларка Ангела Меркел се надева дека лидерите на земјите од групата Г-7 ќе успеат да испратат „сигнал“до Русија дека санкциите воведени против РФ поради украинскиот конфликт не се цел сама по себе, пренесува РИА „Новости”
„Претпоставувам дека е формулираме заеднички „сигнал“ за Русија, кој покажува дека санкциите не се цел сама по себе, туку средство за постигнување на целта“, рече Меркел во интервју за каналот „ЗДФ“.
Според неа, санкциите против Русија ќе бидат укинати дури откако Минската спогодба ќе биде во целост реализирана, но додаде и дека решавањето на овој проблем не зависи само од Русија. Таа, исто така, изјави дека враќањето на Крим на Украина не е сосем нереално сценарио.
Меркел го повтори својот претходен став дека не е можно Русија повторно да биде дел од групата Г-7, додавајќи дека во моментов сите учесници на Г-7 се согласуваат со тоа.
„Имавме многу конструктивна дискусија за карактерот на Г-7. Сите истакнаа дека е важно сите да ги споделуваме истите вредности. Поради анексијата на Крим и мешањето во внатрешните прашања на Донецката и Луганската област Русија покажа дека има поинаков резон“, изјави германската канцеларка. Таа истакна дека постојат бројни формати во кои соработката со Русија продолжува. „По прашањето на иранското нуклеарно оружје и воспоставувањето на мирот во Сирија Русија ќе ни биде партнер, како што е случај и во „Нормандискиот формат“, рече Меркел.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче