САД и Германија ги усогласија ставовите во врска со санкциите против Русија

Претседателот на САД Барак Обама и германската канцеларка Ангела Меркел постигнаа договор по прашањето за траењето на антируските санкции, соопшти Белата куќа, а пренесува агенцијата „Блумберг”.

Претседателот на САД Барак Обама и германската канцеларка Ангела Меркел постигнаа договор по прашањето за траењето на антируските санкции, соопшти Белата куќа, а пренесува  агенцијата „Блумберг”.

Лидерите на САД и Германија се сретнале очи в очи пред првото пленарно заседание на Г-7.  Претходно беше соопштено дека средбата ќе се одржи во Круен, недалеку од замокот Елмау, каде ќе се одржи самитот на Г-7.

Претседателот на САД и канцеларката на Германија „се согласија дека траењето на дејството на санкциите треба да биде директно поврзано со целосното исполнување од страна на Русија на условите од Минската спогодба за Украина“, пренесува агенцијата.  

Исто така, се соопштува дека лидерите на двете земји дискутирале и за Трансатлантското трговско и инвестициско партнерство и ја истакнале важноста на заедничката работа во рамките на идните договори. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња