Премиерот на Словачка: Антируските санкции нанесуваат економска штета

„Ако санкциите ѝ нанесуваат штета на Словачка, јас жестоко ќе се залагам против нив“, потенцира премиерот на Словачка Роберт Фицо.

Антируските трговско-економски санкции на ЕУ негативно се одразуваат на словачката економија.

Ова го изјави за телевизијата ТАЗ премиерот на Словачка Роберт Фицо.

„На интелектуалците може да им биде сеедно што Словачка ќе загуби стотици милиони евра. Тоа е нивна работа, но јас економските интереси не ги игнорирам“, рече Фицо. „Русија е важен партнер. Би било грешка да не се признава овој факт“.

„Ако тие (санкциите) ѝ нанесуваат штета на Словачка, тогаш јас жестоко ќе истапувам против нив“, потенцираше тој.

„Ние треба да ги штитиме своите интереси“, продолжи премиерот. „Русија е земја која има мноштво контакти со целиот свет. Проблемите како, на пример, иранската нуклеарна програма или кризата во Сирија, невозможно е да се решат без комуникација со Русија“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња