Пентагон ја обвини Русија за заплашување на Европа

САД се должни да им укажат помош на земјите-соседи со Русија за да им обезбедат заштита, изјави во интервју за „Вол Стрит Џурнал“ шефот на Здружениот штаб на вооружените сили на САД генерал Мартин Демпси.

САД се должни да им укажат помош на земјите-соседи со Русија за да им обезбедат заштита, изјави во интервју за „Вол Стрит Џурнал“ шефот на Здружениот штаб на вооружените сили на САД генерал Мартин Демпси. Тој исто така ја обвини Русија за заплашување на Европа со помош на нуклеарно оружје.

„Ние треба да ја засилиме заштитата на нашите сојузници во НАТО. Ние се занимаваме со истото со некои земји кои се партнери н НАТО, иако и самите не се дел од Алијансата“, изјави Демпси напомнувајќи, на пример, дека американските војници ја обучуваат украинската национална гарда.

Демпси искажа став дека Русија научила да применува различни инструменти за реализација на своите цели, покрај физичкиот притисок. На пример, според неговите зборови, станува збор за употреба на пропагандата преку медиумите, одржување на показни воени вежби во близина на границите и формирање на вооружени формации лојални на Русија.

Русија има географска надмоќ во однос на САД за реализација на своите цели во Европа, изјави генералот. Тој истакна дека претседателот на РФ Владимир Путин јасно го означи НАТО како закана за својата земја и изрази увереност дека Русија ќе ги искористи нуклеарното оружје и стратешката авијација за да им ја „покаже на народите на Европа подготвеноста да ги примени сите инструменти на воената сила“.   

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња