Грчката влада се залага за укинување на антируските санкции

Владата на Грција смета дека санкциите против Русија треба да бидат укинати, соопшти во саботата помошник-министерот за одбрана на Грција Костас Исихос во интервју за агенцијата „Спутник“.

Владата на Грција смета дека санкциите против Русија треба да бидат укинати, соопшти во саботата помошник-министерот за одбрана на Грција Костас Исихос во интервју за агенцијата „Спутник“.

„Господинот Ципрас и понатаму инсистира на главното прашање: ние не ги поддржуваме санкциите. Повикуваме на укинување на санкциите и возвратните санкции”, изјави Исихос, а пренесува РИА „Новости”.

Според зборовите на помошник-министерот, грчката влада смета дека антируските санкции не се инструмент кој ги поттикнува дијалогот и соработката меѓу Истокот и Западот за украинската криза и дека поради тоа нема да помогне во постојната ситуација.  

Меѓутоа, премиерот на Канада Стивен Харпер во саботата, 6 јуни, во Киев го поддржа продолжувањето на санкциите против Русија и соопшти дека Канада е подготвен а да воведе и дополнителни мерки. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња