Нема јасни знаци дека Русија планира инвазија врз Украина. Западот не треба да ја провоцира Москва со распоредување на американски ракети, изјави министерот за надворешни работи на Велика Британија Филип Хамонд, пренесува ТАСС.
„Постоеја одредени загрижувачки знаци дека се шират активностите како на руските, така и на сепаратистичките сили, кои се под контрола на Русија. Од наша гледна точка не постојат јасни докази кои би навестувале руски напад на Украина. Меѓутоа, Владимир Путин може да ги искористи сите можни опции кои не исклучуваат ни воена интервенција“, рече Хамонд.
Шефот на британската дипломатија тврди дека неодамнешното заострување на ситуацијата во околината на Донецк и борбата за Марјинка сведочат за подготвеноста на Москва за најрадикално сценарио. Тој додаде дека по завршувањето на Г-7 и претстојниот Европски совет западните земји ќе ѝ дадат до знаење на Москва дека нема да толерираат кршење на Минската спогодба. Британскиот министер, исто така, апелираше Западот да не ја провоцира Русија со распоредување на американски ракети во Европа.
„Имаа причини за загриженост кога е во прашање развојот на руската доктрина на асиметрични воени борби, во кои се вршат притисоци и често се користи дискутабилна тактика како што е случајот на истокот на Украина. Во Калининград, во близина на Полска, се распоредуваат големи количини ракети, што ги дестабилизира европските држави на НАТО“, тврди Хамонд.
„Мораме да бидеме претпазливи. Мораме да им пратиме на Русите сигнал дека нема да им дозволиме да ја преминат „црвената линија“ што ја поставивме, но истовремено мораме да признаеме дека Русите се чувствуваат опколени, ни и дека ние не сакаме провокации“, изјави , британскиот министер.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче