Американските бомбардери Б-52 почнуваат со летови близу западната граница на Русија

Во новите маневри на НАТО во близина на западните граници на Русија ќе учествуваат и стратешки бомбардери Б-52.

Во Велика Британија пристигнаа три стратешки бомбардери Б-52 на американското воено воздухопловство заради учество во две меѓународни воени вежби кои се одржуваат во близина на западните граници на Русија и во кои учествуваат земји-членки на НАТО и низа други земји: „Балтопс 2015“ и „Удар на сабја 2015“.

Летовите на бомбардерите Б-52 ќе бидат реализирани „над меѓународните води на Балтичкото море и над териториите на балтичките земји и Полска“, се аведува во соопштението на Стратешката команда на САД што го пренесува „Интерфакс”.

Во Полка се префрлени и авиони-танкери КЦ-135 Стратотанкер кои требада реализираат полнење со гориво на Б-52 во воздух.

Во Естонија во петокот, 5 јуни, пристигнаа осум авиони-ловци А-10 Тандерболт на Националната гарда на државата Мериленд кои исто така ќе учествуваат во маневрите, пренесува „Взгљад”.

Покрај тоа, во Естонија ќе се одржат вежби на тенковската единица на Вооружените сили на САД која е опремена со тенкови М1А2 Абрамс и пешадиски борбени возила Бредли.

Сојузниците на НАТО во Летонија исто така префрлија и тешка оклопна техника: тенкови Абрамс, пешадиски борбени возила Страјкер, Боксер, Пирана, извидувачки возила Фухс и друго вооружување.

Маневрите на НАТО „Удар на сабја 2015“, во кои учествуваат преку 6 илјади војници, почнаа на 1 јуни. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња