„Што е тука комплицирано? Ако опозицијата покаже дека може да дојде до решение на задачите кои стојат пред реонот, регионот или земјата, мислам дека луѓето секогаш ќе го забележат тоа“, изјави тој.
Претседателот Путин напомна дека бројот на партии во Русија се зголемил многукратно, претходните години се случи либерализација на можностите за формирање политичка партија, нивно излегување на регионална, национална сцена, пренесува РИА „Новости“ повикувајќи се на „Кориере дела Сера“.
„Прашањето е само во нивната конзистентност и умешноста да работат со електоратот, умешноста да работат со граѓаните“, истакна претседателот.
На прашањето зошто руските телевизиски канали толку ретко бараат интервју од претставниците на опозицијата, Путин одговори: „Доколку бидат интересни, мислам дека почесто ќе бараат интервју од нив“.
„А во врска со политичката борба – нам ни е познато дека се применуваат различни средства во борбата со политичките противници. Доволно е да се погледне на најновата историја на Италија“, додаде шефот на државата.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче