Путин: Европа ги игнорира интересите на Русија во економијата и интеграцијата

Односите на Русија и Западот треба да се градат не со логика на спротивставеност, туку со филозофија на соработка, изјави Владимир Путин во интервјуто за весникот „Кориере дела Сера“.

Односите на Русија и Западот треба да се градат не со логика на спротивставеност, туку со филозофија на соработка. Ова го изјави Владимир Путин во интервјуто за весникот „Кориере дела Сера“ пред својата посета на Италија, пренесува „Русија 24“. На прашањето дали Русија се чувствува отфрлена од Европа, претседателот одговори: „Ние секогаш нудевме сериозни односи. Јас имам впечаток дека Европа се обидуваше да изгради токму такви односи на материјална основа, при што исклучително во своја полза“. Како примери Путин ги наведе „третиот енергетски пакет“ и потешкотиите со пуштањето на руското производство за атомска енергија на европскиот пазар.

Покрај тоа, Владимир Путин ја прекори Европа дека се стреми да ги игнорира интересите на Русија во економијата и интеграцијата. „Кога земјите на Европа се игнорираат“, тоа е нормално, а ако ние на постсоветските простори го правиме истото, се обидуваат да го објаснат тоа со стремежите на Русија за обнова на империјата“, заклучува тој.

Претседателот на Русија исто така изјави дека не е дозволиво да се заборави трагедијата на Втората светска војна. Тој објасни дека некои земји изјавуваат дека немало никаков Холокауст. „Гледаме како се обидуваат да направат херои од нацистите или колаборационистите“, изјави претседателот на РФ. Според него, современиот тероризам во многу манифестации е многу сличен на нацизмот.

Во врска со украинската криза првиот човек на Русија изјави дека причината за она што се случува во Украина е резултат на непрофесионалните постапки на САД. „Москва не разбира со која цел беше неопходно да се доведе состојбата во таа земја до криза“, додаде тој.  Во интервјуто тој потсети дека нередите во Киев „беа активно поддржани од европските и американските“ партнери. Тој исто така потсети дека на 21 февруари 2014 година меѓу поранешниот претседател Виктор Јанукович и опозицијата беше потпишан договор чиј гарант беа тројца министри на европски земји. Владимир Путин е убеден дека требаше да се постигне реализација на тој договор.

Претседателот на Руската Федерација изјави и дека САД и ЕУ треба да влијаат на Киев за реализација на Минската спогодба. Тој истакна дека Русија прави сѐ што може за нејзина реализација. „Русија, од своја страна, прави сѐ за да влијае на ДНР и ЛНР“, заклучи тој. За крај тој изјави дека Киев не сака да ја реализира спогодбата во тесна координација со раководствата на ДНР и ЛНР.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња